Така функционира нашата услуга


1

Регистрирање на возилото


Во првиот чекор ги давате информациите за Вашето возило. Освен бројот на Вашите регистарски таблички треба да ја наведете и државата во која е регистрирано. Системот Ве води во текот на регистрирањето на Вашето возило.

Во неопходните информации спаѓа на пр. бројот на регистарските таблички или категоријата на возилото (ПМВ, приколка, автобус или сл.).

2

Изберете електронска вињета


Во вториот чекор ја избирате саканата вињета. Можете да избирате различни периоди на важност на вињетата, како на пр. 10 дена или 1 година. Во зависност од земјата, понудени се различни периоди на важност.

Доколку не сакате да отпатувате на самиот ден на регистрирањето туку подоцна, можете да си изберете датум од кој ќе важи електронската вињета (датум на почеток).

Платете онлајн и тргнете


Во последниот чекор ги плаќате трошоците. Цената за услугата за регистрирање зависи од избраниот период на важност на електронската вињета. Вкупната цена што треба да се плати се пресметува и се покажува при процесот на регистрирање.

Можете да платите преку PayPal и со сите вообичаени кредитни картички. После плаќањето, за неколку моменти се прави регистрирањето на бројот на Вашите регистарски таблички.
Ви посакуваме среќен пат!

Be молиме имајте на ум дека после направеното регистрирање на Вашата вињета повеќе не е можно откажување на договорот. Повеќе информации ќе најдете тука.

Регистрирајте сега една електронска вињета